понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Сане заздравува од повредата, почна со тренинзи

Сане заздравува од повредата, почна со тренинзи

Напаѓачот на Манчестер сити, Лерој Сане продолжува да се опоравува од повредата. Тој го помина својот прв тренинг на теренот.

Германецот претрпе сериозно оштетување на коленото на натпреварот од англискиот Суперкуп против Ливерпул. Неколку месеци Сане чекаше коленото да закрепне по операцијата, по што почна да тренира во теретана.

Сега 23-годишниот играч на германската репрезентација се врати на теренот, објавено е на неговиот Инстаграм.