Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, по поразот од Лион во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите (0:1), истакна дека на неговиот тим му недостасува агресија во нападот.
– Во првото полувреме бевме многу бавни. Во вториот дел беше многу подобро, но во Лигата на шампионите едно добро полувреме не е доволна. Не знам зошто играчите не разбраа дека треба да ја придвижиме топката побрзо. На последниот тренинг пред мечот тоа го правеа многу побрзо. Ни недостасуваше агресија и одлучност во нападот. Сè требаше да биде поинаку, изјави Сари.
Реваншот во Торино е на 17 март.