сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Сари не е задоволен од ефикасноста на Јувентус

Сари не е задоволен од ефикасноста на Јувентус

Тренерот на италијанскиот фудбалски шампион Јувентус, Маурицио Сари, изјави дека неговиот тим треба да постигнува повеќе голови.

Викендов Јуве одигра само 1:1 на гостувањето кај Лече, но киксот не се покажа како фатален, бидејќи и главниот конкурент за титулата, Интер, не успеа да победи, а три бода не освои ниту Наполи кој исто така атакува на првото место во Серија А.

– Веќе располагаме со најдобрата одбрана во лигата, но треба да бидеме повнимателни и да не правиме толку многу пенали. Се сменија работите во Италија, просекот на постигнати голови е зголемен, првенството е поефикасно отколку во минатото. Имаме слаб просек на број на шутеви. Според мене, тоа е ментален проблем, наведе Сари.