Наполи ја испрати првата понуда на Сасуоло за играчот од средниот ред Хамед Траоре. Според „Calciomercato“ наполитанците понудиле 16 милиони евра плус бонуси за 22-годишниот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска.
Сепак, сумата не му одговара на раководството на Сасуоло кој му плати на Емполи точно иста сума за Траоре. Раководството на клубот планира да добие повеќе од 25 милиони евра.
Исто така, Јувентус е заинтересиран за услугите на играчот од средниот ред. Траоре оваа сезона одигра 29 натпревари за Сасуоло, постигнувајќи осум гола и четири асистенции.
Договорот на Траоре со Сасуоло е со важност до јуни 2024 година.