четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Саудиска Арабија се откажа од намерата да го организира Мундијалот во 2030 година

Саудиска Арабија се откажа од намерата да го организира Мундијалот во 2030 година

Одредени медиуми објавија дека Саудиска Арабија се откажува од трката за домаќин на Светското првенство 2030 година.

Тие требаа да имаат заедничка кандидатура со Египет и Грција, со тоа што 75 проценти од мечевите ќе се играа во Саудиска Арабија.

Саудијците наводно се откажуваат бидејќи биле убедени дека Шпанија, Португалија и Мароко ќе ја добијат организацијата.

Наводно пиринејско-мароканската кандидатура е фаворит, иако поголема логика има за домаќини да бидат Јужноамериканците. Уругвај, Аргентина, Парагвај и Чиле имаат заедничка кандидатура.

Тие го сакаат Мундијалот бидејќи тоа ќе биде 100 години од првото првенство кое се одржало токму во Уругвај во 1930 година. Па убаво ќе биде да се одбележи големиот јубилеј на истото место.