Илија Столица доби отказ по синоќешната елиминација на Партизан од АЕК Ларнака во квалификациите за Лигата на Европа, а на негово место доаѓа Саво Милошевиќ. Тој се враќа на клупата од која замина во 2021 година и му ја препушти на Александар Станојевиќ.
Саво Милошевиќ седна на клупата на Партизан пролетта во 2019 година, а неколку месеци подоцна го освои трофејот во Купот на Србија. Тој успеа да го одведе Партизан до групната фаза од Лигата на Европа.
Последен пат беше тренер на Олимпија Љубљана.