Италија вторпат по ред ќе го пропушти Светското првенство.
Откако го пропуштија Мундијалот во Русија поради испаѓање од Шведска во плеј-офот, сега им се случи истото затоа што беа исфрлени од Македонија со победата од 0:1 во Палермо во четвртокот во полуфиналето од плеј-офот.
Она што го нервира дефанзивецот на Италија и Јувентус, Леонардо Бонучи е системот на европски квалификации за СП. Имено, Италија ја заврши групата на второто место, но без ниту еден пораз, а место во финалето од баражот ја чинеше голот на Трајковски во 92. минута.
“Одигравме сè во еден натпревар, што обично е апсурдно”, смета 34-годишниот Италијанец и додаде: Тоа е луда одлука. Играме многу натпревари и на крајот се се решава во еден натпревар”.
„Има тимови квалификувани на СП од други конфедерации кои загубија четири или пет натпревари. А ние бевме елиминирани со гол во 92. минута и тоа беше нашиот единствен пораз.