недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Семејството се прости од Михајловиќ: Храбро се бореше против страшната болест, ќе живее со нас кои го сакавме

Семејството се прости од Михајловиќ: Храбро се бореше против страшната болест, ќе живее со нас кои го сакавме

По долгогодишна борба со леукемијата на 53-годишна воздраст почина поранешниот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ.

Веста за неговата смрт ја потврди и семејството, кое со тешки зборови се прости од својот сакан.

-Сопругата Аријана и децата Виктора, Вирџинија, Мирослав, Душан, Николас, внуката Виоланте, мајката на Викторијаа и братот Дражен, со тага ја објавуваат прераната смрт на нивниот сопруг, татко, примерен син и брат Синиша Михајловиќ. Извонреден професионалец, секогаш достапен за секого и секогаш добар за секого. Храбро се бореше против страшната болест. Им благодариме на лекарите и медицинските сестри кои го следеа низ годините, со сета љубов и почит, особено на лекарите Франческа Бонифаци, Антонио Курти, Алесандро Рамбалди и Лука Маркети. Синиша секогаш ќе остане со нас. Ќе живее со нас кои го сакавме“.

Михајловиќ роден е на 20 февруари 1969 година во Вуковар. Со фудбал почнал да се занимава во локалниот клуб Боров во кој и стана професионалец.