недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Септемврскиот циклус на квалификации без гостински навивачи

Септемврскиот циклус на квалификации без гостински навивачи

УЕФА  во координација со ФИФА одлучи да забрани патување на гостински навивачи во септемврискиот циклус натпревари од квалификациите за настап на Мундијалот во Катар што ќе се одрќи идната година.

Тоа значи дека во Скопје на втори септември на националната арена „Тодор Проески“ ќе нема ерменски навивачи, ниту романски на 8. септември во натпревари од нашата квалификациска група.

Истото важи и за македонските симпатизери кои нема да можат да присуствуваат на дуелот со Исланд во Рејкјавик на петти септември во меч од петтото коло.

Забраната на УЕФА важи за сите репрезентации што ќе играат во септември, а мерката е поради пандемијата со Ковид-19.

Во октомври Македонија очекува спектакл и тоа на празникот на 11. октомври, кога ќе ни гостува фудбалската велесила Германија, но засега е нејасно дали забраната ќе продолжи, или ќе биде укината, во зависност од пандемијата со корона-вирус.