четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Серхио Рамос се огласи откако остана без настап на Светското првенство

Серхио Рамос се огласи откако остана без настап на Светското првенство

Серхио Рамос се огласи на социјалните мрежи откако не доби повик од Луис Енрике за мундијалот во Катар, жали што нема да настапи на петто Светско првенство и им посака се најдобро на соиграчите од репрезентацијата.

Отсуството на Серхио Рамос од списокот со 26 фудбалери на Луис Енрике беше едно од изненадувањата во селекцијата на Шпанија, дефанзивецот оваа сезона ја игра на високо ниво и е стандарден во ПСЖ.

Но очигледно селекторот на Шпанија има други планови, па Серхио Рамос нема да настапи на петто Светско првенство.

„Светското првенство? Тоа беше голем сон кој се надевав ќе ми се оствари. Ќе беше моето петто Светско првенство, но за жал ќе треба да го гледам од дома“ – се вели во пораката на Серхио Рамос на социјалните мрежи.

„Тешко е, но сонцето ќе огрее и утре. Не би менувал ништо кај себе, ниту менталитетот, ниту пасијата, ниту мојата ангажираност, напор и посветеност. 24 часа мислам на фудбал“.

„Ви благодарам за поддршката, има уште многу предизвици и цели кои треба да се остварат“.

„Се гледаме наскоро, ви посакувам се најдобро. Вамос Еспања!“