сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шчесни: Јувентус не ја повтори истата грешка

Шчесни: Јувентус не ја повтори истата грешка

Јувентус не можеше да смета на неколку значајни играчи за денешното гостување кај Аталанта, но и без нив успеа да остане непоразен во Бергамо.

Избраниците на Алегри не тргнаа отворено да се надигруваат со домаќините кои севкупно гледано беа поопасни, поконкретни, ама Војчех Шчесни беше на висина на задачата.

-Не знам како успеав да го одбранам, ама исто не знам како го примив и оној гол против Сасуоло. Беше важна одбрана, ми беше потребна по мечот против Сасуоло, -истакна Шчесни кој смета дека Јувентус не ја повторил истата грешка.