вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шефот на СП во Катар – ја откри вистината колку потрошиле и за бројот на загинати работници

Шефот на СП во Катар – ја откри вистината колку потрошиле и за бројот на загинати работници

Долго се шпекулира за бројката на загинати работници мигранти низ стадионите во Катар изминатиот период.

Кога се се смири, шефот на овогодинешното Светско првенство, Хасан Ал Тавади, гостуваше во емисија кај Пирс Морган, каде ја откри шокантната вистина.

Катар потроши 200 милијарди во разни работи при организирање на Светското првенство, но обвинувањата доаѓаа одсите страни, а се беше поврзано со смртта на голем број работници.

Според неофицијалните бројки, повеќе од 7000 животи паднаа при градењето на стадионите, а организаторите тој број се обидоа да го минимизираат првично на 20 жртви.

„Во моментов сме на некоја цифра од 500 загинати работници, немам точна цифра, но таа цифра мислам дека е реална. Една смрт е премногу, тоа е барем едноставно, но секоја година работиме на тоа да се поправи сигурноста на работниците“, порача Ал Таварди.

Веројатно и оваа цифра е лажна, бидејки бројни новинари известуваа дека секој ден по стадионите додека ги градеа низ Катар, беше јавувано за десетина загинати работници.