Тренерот на Џенова, Андриј Шевченко, по поразот од Рома (0:2) во 13. коло, рече дека опстанок во Серија А за неговиот тим би бил голем успех рамен на освојување на Лигата на шампионите.
– Имаме многу повредени фудбалери. Против Рома покажавме карактер, добро се движевме, но немавме доволно сили за нешто повеќе. Бев пријатно изненаден од тоа како навивачите ме поздравија, дојдоа и му дадоа поддршка на тимот, дури и на крајот од натпреварот. Тимот вложи многу труд, момците навистина дадоа сè од себе. На навивачите им се допаѓаат овие работи овде. Нè очекуваат многу тешки натпревари, ова го знаеме сите. Ако останеме во Серија А, тоа ќе биде како да ја освоивме Лигата на шампионите, истакна Шевченко.
Украинецот во своето деби на тренерското место во Џенова, капитенската лента му ја додели на Горан Пандев кој одигра еден час против Рома.