Еден од најдобрите украински фудбалери на сите времиња Андриј Шевченко повика денеска на испраќање поголема странска помош за жртвите на руската инвазија на неговата татковина.
Поранешниот украински репрезентативец и селектор рече дека УЕФА и ФИФА донеле вистинска одлука со исфрлувањето на Русија од меѓународните натпреварувања, иако спортот сега е последната работа на која мисли во овој момент.
– Имаме бегалци, потребна ни е хуманитарна помош. Потребна ни е медицинска помош, помош во храна …, порача Шевченко.
– Фудбалот веќе не постои за мене. Не размислувам за него. Не е време за тоа … Од моментот кога се будам фокусиран сум само на тоа како можам да и помогнам на својата земја и што можам да направам, додаде легендарниот украински фудбалер и тренер.