сабота, 27. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Шкендија го ангажираше Фелипе, поранешниот играч на Вардар

Шкендија го ангажираше Фелипе, поранешниот играч на Вардар

Еден од најдобрите играчи кои некогаш настапиле во македонскиот фудбалски шампионат, Хуан Фелипе, во следната сезона ќе го носи дресот на актуелниот шампион Шкендија.

Шкендија денеска го промовираше бразилскиот интернационалец кој беше дел од Вардар четири сезони, и од јануари до мај оваа година.

„Среќен сум што ќе бидам дел од најдобриот клуб во земјата. Ќе дадам се од себе да ги исполниме амбициите. Во Европа да стигнеме што подалеку, а во домашното првенство да ја освоиме повторно титулата“, изјави Фелипе на промоцијата.