Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота го коментираше одземањето на капитенската лента на дефанзивецот на тимот, Милан Шкрињар.
Претходно Словакот одби да го продолжи договорот со „нероаѕурите“ и најави дека во летниот преоден рок ќе се пресели во ПСЖ.
– Капитенската лента има одредено значење, и ако некој не го разбира тоа, мора да направиме соодветен избор. Одземањето на капитенската лента на Шкрињар не е поврзано со дисциплински причини, тој е професионалец, изјави Марота за „ДАЗН“.
Оваа сезона, 27-годишниот Шкрињар забележа 27 настапи за „нероаѕурите“ во сите натпреварувања и има една асистенција. Неговиот договор со клубот е до летото 2023 година.