четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шкупи и Вардар одиграа нерешено во дербито на колото

Шкупи и Вардар одиграа нерешено во дербито на колото

Без победник 1:1 заврши дерби натпреварот од 16. коло во Првата македонска фудбалска лига одиграно попладнево во Скопје меѓу екипите на Шкупи и Вардар.

Дарко Мицевски во 77. минута го донесе Вардар во водство, домаќинот изедначи преку Дембо Дарбо во 89.минута.

Резултати на другите натпревари од ова коло одиграни попладнево:
Академија Пандев – Борец 2:1
Македонија ЃП – Пелистер 2:1
Работнички – Ренова 3:1
Шкендија – Беласица 2:0
Силекс – Струга Трим Лум 0:0.

Табела: Шкендија 36 бодови, Шкупи 32, Македонија ЃП 32, Силекс 22, Струга Трим Лум 22, Борец 22, Вардар 21, Работнички 21, Ренова 15, Академија Пандев 14, Пелистер 12, Беласица 9.