петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Шок и неверување на тренингот на Јувентус

Шок и неверување на тренингот на Јувентус

Вистински шок и неверување преовладуваше на последниот тренинг на италијанскиот фудбалски клуб Јувентус. Погба наеднаш престана да тренира, се пожали на болки во коленото и побара лекарска помош.

Погба потоа го напушти теренот во друштво на клупски лекари. Првите информации говорат дека не се работи за сериозна повреда и Французинот ќе отсуствува само ден-два.

Дополнителни тестови нема да се вршат. Лекарите веруваат дека тоа не е неопходно и дека одморот најдобро ќе помогне во овој случај.

Неполн месец останува до почетокот на новата сезона во Италија, а Јуве првиот натпревар во првенството ќе го одигра на 15 август на стадионот „Алијанц“ во Торино против Сасуоло.