Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон (76) итно е примен во болница каде лекарите се борат за неговиот живот.
Првите информации од Манчестер говорат дека тренерот имал мозочен удар.
Фергусон веднаш е примен во болница каде е итно опериран.
Британски Сан објави на Твитер дека лекарите за борат за неговиот живот и оти лекарите стравуваат дека во текот на ноќта би можело да му се влоши состојбата.
Од друга страна, британски Телеграф пишува дека според неофицијални извор операцијата поминала успешно, но оти лекарите се уште не смеат да дадат прогноза бидејќи зафатот што туку завршил.
Sir Alex Ferguson fighting for life in hospital https://t.co/1DKDT3OWlN pic.twitter.com/OeA8KiXjRh
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) May 5, 2018