Напаѓачот на Данска, Мартин Брајнтвајт открива дека Кристијан Ериксен на соиграчите им се јавил од болница непосредно по поразот од Белгија.
Освен тоа, фудбалерот им се пожалил на новинарите на начинот на кој УЕФА ги третирала по немилиот настан кој му се случи на Ериксен.
Брајнтвајт тврди дека УЕФА ги натерала играчите на Данска да го завршат натпреварот по претпрениот шок, па затоа биле поразени од Финска.
-Ериксен ни се јави по натпреварот на заедничка ВатсАп група. Ни кажа дека бевме фантастични. Ќе победевме на првиот натпревар, сигурен сум во тоа, но не’ натераа по се што се случи да го играме натпреварот. Не ја кажуваат вистината кога велат дека самите баравме продолжение, тоа е лага, вели Брајнтвајт .
По прекинот на натпреварот, УЕФА соопшти дека откако е добиена информација дека состојбата на Ериксен е стабилна играчите на двете репрезентации сами побарале натпреварот да се доигра. Дури се пишуваше и дека Ериксен самиот побарал од соиграчите да излезат на тереноти да играат за него.