Освојувачот на Златната топка, Карим Бензема се повреди и го напушти вечерниот тренинг на француската репрезентација. Бензема и претходно се жалеше на повреда, па тренираше поединечно, а денеска кога се реши да се приклучи на тимскиот тренинг, се случи нов пех.
На десетина минути пред крај на тренингот, Бензема се пожали на болки во ногата и мораше предвреме да го напушти теренот. Франција за три дена го игра првиот меч на Мундијалот во Катар, а противник е Австралија.
Бензема има 97 настапи за Франција и 37 погодоци, а во периодот од 2015 до 2021 година беше надвор од националниот тим поради скандалот за уценување на соиграч.
Повредата на Бензема е само една од низата затоа што од претходно се повредија Пол Погба, Нголо Канте и Кристијан Нкунте.