петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шпалир за Елмас и соиграчите во чест на освоеното Скудето

Шпалир за Елмас и соиграчите во чест на освоеното Скудето

Тимот на Наполи денеска на својот стадиот „Диего Марадона“ го игра натпреварот против Фиорентина, кој нема резултатска важност со оглед дека тимот на Лучиано Спалети веќе ја освои титулата во италијанското првенство.

Во чест на новите шампиони на Италија, фудбалерите на Фиорентина направија шпалир и ги пречекаа Елиф Елмас и соиграчите на теренот на „Диего Марадона“.

А по повод освојувањето на Скудетото, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас има и специјална фризура во боите на Наполи.