Екипата на Манчестер Сити потврди дека вредноста на тимот е најскапата во историјата на фудбалот и е проценета на една милијарда фунти.
„Граѓаните“ и оваа сезона го сакаат тронот во англискиот фудбал и за време на преодниот рок потрошија 125 милиони фунти на трансфери, меѓу нив Ерлинг Халанд. Норвежанецот во моментов е проценет како најскап фудбалер на светот, на листата го мина Килијан Мбапе.
Исто така во Сити ги донесоа Калвин Филипс, Мануел Аканџи и Серхио Гомез. Според извештајот од годината, вредноста на тимот ја мина границата од една милијарда фунти и чини 1,07 милијарди фунти.
Платата која играчите на Манчестер Сити ја добиваат годишно изнесува 354 милиони евра.