петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Сити и Борусија заинтересирани за Елмас

Сити и Борусија заинтересирани за Елмас

Манчестер Сити е еден од четирите клубови кои покажуваат значителен интерес за македонскиот интернационалец Елиф Елмас, објави германскиот весник „Спорт Билд“.

Покрај Сити интерес за Елмас покажуваат Борусија Дортмунд, ПСВ Ајндховен и Феенорд.

18-годишниот играч од средниот ред се смета за извонреден потенцијал и затоа е желба на силните европски екипи.

Елмас во моментов е член на Фенербахче, но слабата минутажа што ја добива во турската екипа може да биде причина наскоро да го напушти Истанбул.