Фоден, како и соиграчот од средниот ред, Родри од раководството на Сити добиле понуди за нови договори, со кој Англичанецот би доби трипати поголема плата од таа што ја заработува досега, односно 200.000 фунти неделно.
Повисоката плата е награда за се досега, но и мотив за во иднина, како и фактот дека Пеп Гвардиола во него гледа еден од клучните играчи и за новата сезона.
Сити летово ги донесе Ерлинг Браут Халанд, Калвин Филипс и Хулиен Алварез, а си заминаа Габриел Жесус кој потпиша со Арсенал и Рахил Стерлинг кого лекарски прегледи го делат од потпис со Челси.