вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

СКАНДАЛ: Полиција влезе во клупските простории на Баерн Минхен

СКАНДАЛ: Полиција влезе во клупските простории на Баерн Минхен

Сѐ уште не е стивната бурата по промената на клупата, проблемите во соблекувалната и лошите резултати, а во Баерн се појави нова – германските медиуми јавуваат дека федералната полиција влегла во клупските простории на германскиот гигант, во истрага за неправилности.

Полициските инспектори ја истражуваат наводната поврзаност на долгогодишниот функционер на Баерн, Ули Хенес со рускиот олигарх Алишер Усманов, кој важи за близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин. Контроверзниот Хенес веќе беше во затвор поради перење пари, а со Усманов добро се познаваат од претходно.

Инспекторите сметаат дека Усманов често добивал гратис ВИП-влезници за најразлични настани и за натпреварите на Баерн. Ова било доволно за сомнеж кај истражителите, кои бараат поврзаност, односно документи со кои би се докажало дека во клубот се переле пари.