петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Славниот фудбалер обвинет за уште еден, ОСМИ, случај на силување

Славниот фудбалер обвинет за уште еден, ОСМИ, случај на силување

Фудбалерот на Манчестер сити, Бенжамен Менди, е обвинет за уште едно силување.

Менди досега беше обвинет седум случаи на силување, еден обид и еден сексуален напад, а за делата се товари од седум жени.

Францускиот фудбалер, кој пред две недели се изјасни дека не е виновен по сите точки од обвиненијата, сè уште не е известен за новото обвинение, и сè уште не одлучил за својата одбрана во овој случај.

Вкупно десетте обвиненија против 27-годишниот Менди се однесуваат на настани, кои наводно се случиле во неговиот дом во Престбери, во периодот од октомври 2018 до август 2021 година. (МИА)