вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Славниот шпански судија се огласи за контроверзниот пенал на Реал Мадрид

Реал во Торино славеше со 3:0, а на домашен терен 3:0 губеше, пред Роналдо да го постигне одлучувачкиот гол, од контроверзниот за поголемиот дел од фудбалскиот свет непостоечки пенал.
Славниот шпански судија се огласи за контроверзниот пенал на Реал Мадрид

Едуардо Итуралде, експертски судија кој сега работи како во шпанскиот весник Ас, смета дека Реал Мадрид не го заслужи пеналот после кој го елиминираше Јувентус во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Реал во Торино славеше со 3:0, а на домашен терен 3:0 губеше, пред Роналдо да го постигне одлучувачкиот гол, од контроверзниот за поголемиот дел од фудбалскиот свет непостоечки пенал.

-Контактот од зад грб не беше доволен, судијата (Мајкл Оливер) не требаше да свири пенал, смета 51 годишниот Итуралде, Баскиецот кој во кариерата три пати го судел дербито меѓу Реал и Барселона, како и бројни натпревари во Лигата на шампионите, а се повлече во 2012 година.

Покрај мадридскиот тим, во полуфиналето се пласираа Ливерпул, Рома и Баерн Минхен, а ждрепката е на програмата во текот на утрешниот ден.