Јувентус го совлада Сасуоло со 2-1, конечно погоди Кристијано Роналдо и тоа на два наврати, но денот го расипа Даглас Коста со својот безобразен потег.
Имено Бразилецот го плукна противничкиот играч, го удари и на крај беше исклучен по асистенција на ВАР. Коста веднаш по мечот се извини, но бадијала.
-Ова никогаш го немав сторено, ова не бев јас. Се извинувам на навивачите на Јувентус и противникот, свесен сум што сторив, изјави Коста кој ја шокираше фудбалска Италија.
Не постои точен правилник за плукање, но повеќе од сигурно е дека ќе добие најмалку три меча казна со кои може да биде и среќен со оглед што му се заканува и подрастична казна.
Исто така ниту Јувентус нема да го штеди, а извори блиски до клубот соопштуваат дека „Старата дама“ драконски ќе го санкционира поради овој потег:
Douglas Costa spitting. Stupid & totally unnecessary. Will be a 3-4 match ban. pic.twitter.com/OGoJzzN5HN
— Tarek Khatib (@ADP1113) September 16, 2018