петок, 9. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

СОНОТ СТАНУВА ЈАВЕ: Македонија со одличен старт на ЕП 2020, нерешено на полувреме

СОНОТ СТАНУВА ЈАВЕ: Македонија со одличен старт на ЕП 2020, нерешено на полувреме

Првиот гол на Европското фудбалско првенство за македонската репрезентација го даде капитенот Горан Пандев за израмнување меѓу Македонија и Австрија.

Неговиот погодок ја одбележа 27-мата минута од натпреварот, прв на Македонија на ЕУРО 2020.

Пред него, во 18-та минута гол даде  Стефан Лајнер.

Фудбалските херои одлично се покажуваат, играат со полно срце. Сила им даваат огромниот број на македонски навивачи кои пристигнаа во Букурешт да ги бодрат нашите фудбалери.

Македонија на Европско беше сон, а од вечерва станува јаве.

МАКЕДОНИЈА Е СО ВАС МОМЦИ, САМО НАПРЕД!