Репрезентацијата на Белгија со доста мака успеа да слави над Канада со 1-0 во последниот денешен меч на Светското првенство.
Белгијците беа далеку од посакуваното ниво на оваа средба, ама и покрај сите проблеми успеа да дојдат до трите бода што секако е најважно за нив во оваа фаза.
Канаѓаните пак дефинитивно можат да жалат поради конечниот резултат затоа што вечера упатија преку 20 удари, а воедно и промашија пенал преку првата ѕвезда Дејвис во 11 минута.
Клучниот момент кога е во прашање погодокот се случи во 44 минута кога Батшуаји ја искорити топката на Алдервирелд и го матираше противникот.
„Црвените ѓаволи“ во следното коло се играат со Мароко, додека Хрватка ќе игра со Канада.