четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Спалети: Престанете да обвинувате дека Тоти ја заврши кариерата поради мене

Спалети: Престанете да обвинувате дека Тоти ја заврши кариерата поради мене

Тренерот на Интер, Лучијано Спалети, по натпреварот со Рома (2:2) ги обвини новинарите дека лажат за неговиот период на работа во римскиот клуб.

Тој тврди дека не е причината поради која Франческо Тоти ја заврши својата кариера.

-Вие новинарите мора да престанете да кажувате лаги за Тоти и за мене. Тој не ја заврши кариерата поради мене, и не го избркав од тимот. Сите во клубот знаеја дека Франческо ќе ја заврши својата кариера, а јас тука не сменив ништо, изјави Спалети.

Франческо Тоти ја заврши својата кариера на крајот од сезоната 2016/17