сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Спалети со солзи во очите по историскиот успех со Наполи: Ова е за вас

Спалети со солзи во очите по историскиот успех со Наполи: Ова е за вас

Наполи и официјално е новиот фудбалски шампион на Италија, титула која ја презема од Милан кој беше освојувач од минатата сезона.

Наполитанците одиграа без победник на вечерашниот меч против Удинезе (1-1) што беше доволно за официјална потврда за освоеното Скудето, прво за овој клуб по пауза од 33 години.

Клубот од Неапол долго време чекаше лигашка титула и тоа од времето на легендарниот Диего Армандо Марадона, човекот чие име сега го носи стадионот на кој играат Елмас и компанија.

Главниот творец на овој успех е тренерот Лучијано Спалети (најстар стратег со пехар во елитното италинско друштво) кој буквално доби нова екипа пред стартот на кампања, многу играчи, носители на играта си заминаа, но тој од новајлиите успеа да состави тим кој ќе одговори на сите барања и на крајот донесе огромен резултат, титула во Серија А.

-Оваа титула има ја посветувам на играчите кои ја заслужија оваа радост. Втората е на сите фанови – Наполи, ова е за вас! И конечно за сите оние кои работат во рамките на Наполи, мојот стручен штаб, Џунтоли, клубот кој си ја заврши својата работа. Матилде, мојата ќерка. Секако, целото мое семејство кое ме турка напред. Моите пријатели и мојот брат Марчело, -истакна Спалети низ солзи.