недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Србите немаа ниту еден шут во рамките на голот на Бразил

Србите немаа ниту еден шут во рамките на голот на Бразил

Репрезентацијата на Србија ниту еднаш не успеа да го погоди противничкиот гол синоќа на натпреварот од Светското првенство 2022 против Бразил (0:2).

Вкупно на средбата српските фудбалери зададоа пет удари кон голот на Бразил кои завршија надвор од рамката. „Кариоките“ имаа 24 удари, од кои 10 во рамките на противничкиот гол.

Бразил освои три бода за прво место во групата Г, пред Швајцарија (3 бода), која претходно го победи Камерун со 1:0.

Во следното коло Бразил на 28 ноември ќе игра против Швајцарија. Истиот ден Камерун ќе се сретне и со Србија.