Црвена Звезда го освои првото место во Групата Ф од Лигата на Европа па обезбеди директно место во осминафиналето од второто по квалитет европско клупско натпреварување.
Ниту тренерот на белграѓани Дејан Станковиќ синоќа не можеше да се воздржи по оние 1-1 со Брага, па се најде на теренот во Португалија долго обземен од силни емоции.
„Ова е најголемиот успех во историјата на Црвена Звезда по европската титула од Бари. Овие момци запишаа нова историја, и тоа сите не прави горди. Јас сум пресреќен. Се врати во Црвена Звезда, се вратив дома и ете испушуваме нова историја по онаа од Бари“ – истакна Станковиќ по синоќешниот натпревар.