петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

„Станува правило дека мора да го собориш „кралот“ ако го сакаш трофејот во ЛШ!“

„Станува правило дека мора да го собориш „кралот“ ако го сакаш трофејот во ЛШ!“

Манчестер Сити и во Минхен покажа дека е подобар тим од Баерн во овој момент. Без многу тензии го мина бундеслигашот (1-1), а Пеп Гвардиола веќе размислува за полуфиналната пресметка со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Нема дилема дека, исто како и минатата сезона, победникот од дуелот меѓу овие два гиганти ќе биде голем фаворит за пехарот на 10 јуни на стадионот „Ататурк“ во Истанбул.

„Станува правило дека ако сакаш да го освоиш трофејот во Лигата на шампионите, треба да го победиш Реал. Некогаш тоа важеше за Барселона, но сега Реал Мадрид е тој што се прашува. Но, среќен сум што стигнавме до полуфинале трета сезона по ред“, рече Гвардиола.

Првиот натпревар меѓу европските гиганти се игра на деветти мај, а реваншот е седум дена подоцна. Во второто полуфинале ќе се сретнат миланските ривали Интер и Милан.