Италијанските медиуми пишуваат дека Стефано Пиоли ќе добие отказ на крајот на сезоната. „ТВ Дело Спорт“, пишува дека еден од газдите на Милан, Гери Кардинале веќе почнал да бара нов тренер. Според овој тој сака Антонио Конте да биде новиот тренер на Милан.
Конте е без клуб откако се раздели со Тотенхем оваа пролет, а во кариерата веќе беше шампион на Италија со Јувентус и Интер.
Пиоли минатата година ја освои Серија А, што беше 19. шампионска титула во историјата на клубот. Минатата есен тој го продолжи договорот со Милан до 2025 година, но оваа сезона резултатите не се добри.
Милан на три кола пред крајот е на петтото место во Серија А, а во полуфиналето од Лигата на шампионите загуби со 2:0 од градскиот ривал Интер во првиот натпревар како домаќин.