Напаѓачот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг ќе пропушти две до три недели, поради повреда, објавија британските медиуми.
Пријавено е дека фудбалерот има проблеми со коленото. Тој беше заменет во неделниот натпревар со Тотенхем (0:2).
Неизвесно е дали Англичанецот ќе го игра првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид на 26 февруари.
Дваесет и петгодишниот Стерлинг (25) оваа сезона има одиграно 35 натпревари за Сити и постигна 20 гола со шест асистенции.