Млдиот фудбалер на скопски Вардар, Иван Николов доби повик за настап во селекцијата на Македонија до 21 година.
Драган Канатларовски го објави списокот на играчи за продолжението од квалификациите, а на него дополнително се најде штипјанецот кој настапува за екипата од Скопје.
Николов, кој има 19 години, досега беше дел од У17, У18 и У19 репрезентациите, а за него ова е прв повик во младинскиот состав.
Избраниците на Канатларовски овој месец ја чекаат две квалификациски средби, против Фарски Острови и против Ерменија.
Двете се на гостински терен – првата во Клаксвик на 7 октомври, а втората на 12 октомври во Ереван.