недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Таткото на Јовиќ го потврди трансферот на напаѓачот: Време е да се увериме кој е во право

Таткото на Јовиќ го потврди трансферот на напаѓачот: Време е да се увериме кој е во право

После три прескромни сезони во Реал Мадрид, Лука Јовиќ конечно си заминува од шпанската престолнина, и тоа како слободен агент откако „кралевите“ се одлучија да го подарат напаѓачот на Фиорентина.

Европскиот првак се реши да се ослободи од Србинот на доста лесен начин и ќе заработи дури од неговата следна продажба (задржа 50 проценти од првата на играчот), информации кои сега ги потврди и таткото на фудбалерот во изјава за српски медиум.

Јовиќ заминува гратис во Фиорентина и сега ќе треба да се докаже на фудбалската сцена во Италија, нешто што според неговиот татко е добра шанса за менување на текот на кариерата.

– Ова е вистински потег, шанса за да се увериме кој е во право, а кој не. Време е да се погледнеме во очи, како што се вели кај нас. Или си, или не си, – гласи изјавата на Милан Јовиќ за српски „Објектив“.

Само за потсетување, Лука пред три години направи трансфер во Реал вреден 60 милиони евра, а сега си заминува без отштета откако сериозно назадуваше во Мадрид.