Сопственикот и претседател на Наполи, Аурелио де Лаутентис, доби полициска заштита поради заканите од навивачите на лидерот во Серија А.
Навивачите на Наполи за време на натпреварот против Милан во Серија А кој се играше минатиот викенд, протестираа против високите цени на билетите и забраната да истакнуваат транспаренти и навивачки знамиња на трибините.
Незадоволството кај навивачите кон Де Лаутентис се зголеми по поразот на Наполи од Милан во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите кој се играше во средата и поради тоа градските власти во Неапол одлучија да му доделат полициска заштита на претседателот на Наполи.