Селекторот на Бразил, Тите се надева дека неговиот тим ќе го крене уште повеќе нивото и ќе излезе како краен победник во претстојниот четвртфинален дуел против Белгија на Мундијалот 2018.
– Имаме фудбалери кои умеат да играат разновидно и да го ставаат под притисок противникот. Можеме да постигнуваме голови од различни ситуации. Првиот гол против Мексико беше по долга акција, а другиот по брз контранапад. Во последната третина на теренот Нејмар, Даглас Коста, Вилиан и Жезус се многу опасни еден на еден. Се надевам против Белгија ќе го кренеме уште повеќе нивото, прокоментира Тите на прес конференцијата пред натпреварот.
Левиот бек, Марсело, кој го пропушти осминафиналето против Мексико поради повреда, веќе е опоравен и се враќа во составот на „селесао“.