Проблемот настана бидејќи Тухел директно му посочи на Кимих дека не е доволно добар и дека му треба подобар фудбалер на неговата позиција.
Тухел изјави дека му треба „нова шестка“, што би значело вистински последен играч за врска, додавајќи дека Кимих не може да игра на таа позиција.
Во изјава за германски медиуми Кимих беше запрашан токму за оваа тема по што накратко одговори и веднаш си замина „Јас сум шестка“.
Кимих добар дел од кариерата мина на десната бековска позиција, пред да биде префрлен во средниот ред. Научи многу работејќи со Пеп Гвардиола и беше еден од неговите миленици, а претходните години главно играше како играч од средниот ред.