четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тоти пред враќање во Рома

Тоти пред враќање во Рома

Франческо Тоти ќе се врати во клубот на своето срце Рома, пишува „Кориере дело Спорт“.

Според информациите, Тоти е во постојан контакт со извршниот директор Гвидо Фиенга и двајцата се во разговори легендата на клубот да ја заземе функцијата потпретседател или технички директор на Рома.

Тоти работеше кратко во администрацијата на клубот по крајот на неговата кариера, но си замина по конфликтот со поранешниот сопственик Џејмс Палота. (МИА)