среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Трагедија на Мундијалот: Почина еден од најважните луѓе на Светското првенство

Трагедија на Мундијалот: Почина еден од најважните луѓе на Светското првенство

Тажна вест стигна од Катар. Технички директор на ITV Sport, Роџер Пирс, починал додека работел на овогодинешното Светско првенство.

Пирс имал 65 години, а трагедијата се случи само 24 часа по почетокот на Светското првенство. Починал пет недели пред да замине во пензија.

– Имаме многу тажни вести за вас од Катар. Нашиот технички директор Роџер Пирс кој беше тука за својот осми Светски куп за жал почина. Роџер беше многу почитувана личност во спортската телевизиска индустрија, се вели во соопштението од ITV Sport.

Роџер го организираше тв преносот на натпреварите од Катар до остатокот од светот.