Страшна трагедија се случи во Шпанија на мечот меѓу третолигашите Лененсе и Леалтад, кога рефлектор падна врз трибините при што животот го загуби еден од навивачите.
Силниот ветар го турнал рефлекторот, кој го усмрти 66-годишниот Хозе Мануел Фернандез Суарез, додека уште две лица се повредени.
Еден е во тешка здравствена состојба, додека вториот има скршеница на раката.