На 21 натпревар Палермо освои 39 бода, вклучувајќи ги и трите од синоќа освоени на дуелот со Салернитана, на кој Трајковски запиша асистенција, а по повредата во тимот се врати капитенот Несторовски.
Од ривалите на Палермо за пласман во Серија А, Фросиноне има два бода помалку, Емполи и Бари собраа по 34, Парма 33, Кремонезе и Цитадела по 32,…
Следува пауза до 20 јануари кога Палермо ќе гостува кај Специја.