Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски е оптимист во пресрлигает на вечерашниот натпревар со Грузија во новата сезона од Лигата на нации.
– Ова ќе биде еден од важните натпревари за македонската репрезентација. Треба да бидеме на наше највисоко ниво за да го добиеме. Играме пред наша публика и се надевам дека тоа ќе ни биде дополнителна мотивација. Мораме максимално да одиграме од првата до последната минута. Нема да биде воопшто лесен натпревар, Грузија е квалитетен противник и се разбира дека има свои амбиции за првото место во групата. Само со нашиот препознатлив тимски дух, самодоверба и борба за секоја топка можеме да ја постигнеме целта. Подготвени сме и ќе излеземе на терен да победиме, изјави Трајковски за Видеолотарија Касинос Австрија.
Натпреварот ќе се одигра на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20:45 часот.