сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Трајковски пристигна во Скопје со најголемата среќа од вчерашниот натпревар – ќе ја чува до крајот на животот (ФОТО)

Трајковски пристигна во Скопје со најголемата среќа од вчерашниот натпревар – ќе ја чува до крајот на животот (ФОТО)

Алекандар Трајковски ја имаше една од најубавите ноќи во својот живот, затоа што на преполн „Ренцо Бербара“ ја стресе мрежата на големата Италија и ја одведе Македонија во финалниот бараж за пласман на СП во Катар.

Од таму попладнево на скопскиот аеродром пристигна со најголемата среќа која ја одведе Македонија во финалниот бараж за СП, а тоа е фудбалската топка.

Среќната топка дефинитивно ќе остане негов најсреќен подарок и амајлија за во иднина.

На топката со која вчера го даде победничкиот гол се потпишани сите фудбалери, но и резултатот 0:1 во корист на Македонија.

ФОТО:МИА