Раководството на Јувентус донесе одлука за кандидатите кои можат да го заменат главниот тренер Андреа Пирло.
Според „Ла Република“, Џанпјеро Гасперини, Симоне Инзаги и Лучијано Спалети се најсериозни кандидати за наследник на 41-годишниот Италијанец на тренерското место во Јувентус.
Желба беа и Јирген Клоп и Хосеп Гвардиола, но клубот од Торино нема доволно средства за да донесе еден од овие двајца врвни фудбалски стручњаци.
Позицијата на Пирло се влоши откако Јувентус загуби со 0:1 од Беневенто во Серија А. Торинскиот клуб испадна и од Лигата на шампионите во осминафиналето по пресметката со Порто.
Клубот е на третото место во италијанскиот шампионат со десет бода заостанување зад водечкиот Интер. (МИА)